Временска прогноза: Сончево и потопло време со максимални 22 степени

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22 степени. Во наредните три дена ќе преовладува слично време, со за неколку степени повисока температура од денешната.

