Металург имаше голема предност во мечот со Мотор, но на крај заврши со реми

- Спорт
1034

Ракометарите на Металург обезбедија бод на гостувањето кај Мотор со резултат 28:28. Металург доминираше во првото полувреме, во седмата минута од мечот беше 1:6, што беше најава за одличната игра на Металург

Во 9. минута резултатот беше 3:6, а потоа цели девет минути немаше гол за домашните што беше искористено за плус осум односно за 3:11. Тука веќе стана јасно дека Металург ќе има убава предност на одмор бидејќи остануваа уште 12 минути.

Нашите ракометари отидоа на одмор со резултат 12:18

Во вториот дел домаќините играа далеку порешително, па после 11-та минута успеаа да ја стопат разликата и дојдоа до само гол разлика (19:20) односно Мотор имаше серија од 5:0

Потоа дојде период од мечот кога се играше гол за гол. Металург успеваше да се одлепи со +2,а Мотор редовно намалуваше на +1, за во 54-та минута да успее да израмни. Ова непосакувано израмнување се случи за прв пат на оваа средба.

На резултат 26:27, Мотор доби пенал, а Мартин Томовски влезе да го замени Арсиќ. Го одбрани ударот, а домашните добија нов. Томовски интервенираше уште еднаш, па Пешевски одново врати на два гола позитива, а до крај имаше неполни четири минути. Меѓутоа кога требаше да се притисне повеќе имаше нови грешки, па на минута до  до крајот резултатот беше 28:28. Двете екипи имаа можност да бијат, но немаше реализација и резултатот остана ист.

Извор: 24rakomet

Strugaonline

Facebook Коментари