Охрид, 22. декември 2016 – Едно лице загина, а три се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи попладнево околу 14:40 часот на патот Охрид-Кичево, во близина на селото Издеглавје, општина Дебрца.
Четирите повредени лица, од кои едно со тешки телесни повреди, биле итно пренесени во болницата „Св. Еразмо“.
Неофицијално, едно од лицата им подлегнало на повредите. Поради несреќата, извесен период имало застој во сообраќајот на овој патен правец при што возилата се пропуштале наизменично.
извор: ОхридПрес
Facebook Коментари