Пожар во НП „Галичица“, на потегот помеѓу Велгошти и Рамне

- Хроника
923

Охрид, 23. декември 2016 – На потегот помеѓу селата Велгошти и Рамне, во близина на месноста „Габреш“, синоќа по 19:00 часот изби пожар.

pozar

Зафатениот регион претежно е со смрека, а се наоѓа во склоп на Националниот парк „Галичица“. Според првичните информации нема опасност за населението, а пожарот се следи од страна на охридската противпожарна единица, од каде се подготвени за интервенција.

Нема информации за причините за избувнување на пожарот, но најверојатно се работи за човечки фактор.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари