Црногорците поделени околу влезот на земјата во НАТО

- Свет
830

Бројот на граѓани кои го поддржуваат и оние кои се против членството на Црна Гора во НАТО е речеси целосно изедначен, покажа вчера објавената анкета на Центарот за демократија (ЦЕДЕМ) во Подгорица.

crnagora

Членството на Црна Гора во НАТО го поддржуваат 39,5 отсто од нејзините граѓани, против се 39,7 отсто, додека 20,8 отсто немаат став за тоа.

-Тоа значи дека бројот на противници и приврзаници на Северноатлантскиот сојуз е речиси изедначен, па резултатот од евентуалниот референдум за членство во Сојузот би бил крајно неизвесен, изјави Милош Бешиќ, главен методолог во ЦЕДЕМ, претставувајќи го истражувањето на јавното мислење.

Црна Гора во мај го потпиша протоколот за пристапување кон НАТО, чија членка ќе стане по ратификацијата во сите 28 земји членки.

Анкетата покажа дека настаните во светот влијаат врз поддршката за членство на Црна Гора во НАТО, пренесе Хина. Бешиќ додаде дека 53,8 отсто од граѓаните веруваат дека Црна Гора ќе стане членка на НАТО без разлика на нивното мислење, 20,5 отсто мислат дека нема, додека 25,7 немаат став за ова прашање. На прашањето околу Еуропската Унија речиси е постигнат национален консензус, без разлика што е опаднат бројот на симпатизери за ЕУ. Дури 63 отсто испитаници сметаат дека Црна Гора треба да биде дел од ЕУ, а 24,6 дека не треба, додека 12,4 отсто немаат мислење.

Facebook Коментари