Диви депонии покрај патот од Струга до Калишта

- Локални
694

Големи колични отпад во најголем дел градежен шут кои формираат неколку мини депонии можат да се забележат од двете страни на патот од Струга до селото Калишта. Дел од отпадот се наоѓа буквално до самото езеро што остава впечаток дека овде воопшто не се води грижа што и каде се фрла. Жителите со коишто зборувавме велат дека инспекциски служби треба да бидат поактивни на терен.
deponija
– До сега ниту една институција не презела ништо овде како регионален пат покрај Охридското езеро каде што живеат Албанци. Секој како што нашол фрла отпадоци сè со цел да го свртат вниманието на туристите за да одат на другата страна на езерото.
– Депониите кои се во Калишта ги има насекаде. Тоа не личи на ништо и дава една лоша слика за нашето место и го нарушуваат амбиентот. Ако еден фрла нешто и другите фрлаат и депониите се зголемуваат.
– Голем проблем е ова за Струга. Компетенциите се во општината. Општината треба да преземе некои мерки бидејки таа е мозокот на една територија. Општината ги има инспекторите кои треба да го почитуваат законот. Ако не се почитува законот не правиме ништо“, велат жители на Калишта.

Од општинскиот инспекторат по животна средина за Алсат рекоа дека уште во месец мај од нивна страна била направена контрола на терен, но заклучиле дека станува збор за приватни имоти. Биле пуштени решенија до сопствениците за одстранување на отпадот кој во најголем дел е градежен. Поради нерешено имотно правни работи решенијата им се вратиле, а дополнителен проблем било што дел од сопствениците се наоѓале странство. Од таму најавуваат дека општината ќе преземе понатамошни мерки со цел регулирање на ситуацијата.

извор: Алсат-м/Мики Трајковски

Facebook Коментари