Лев банер Десен банер

Групата „Морал“ се враќа на домашната сцена после пауза од една деценија

После повеќе од една деценија, групата „Морал“ се враќа на македонската музичка сцена во истиот состав како и порано. Промоцијата на нивниот нов албум насловен како „Coffeine Blues“ ќе се одржи во четврток (19-ти октомври) во 20:00 часот во „Пивница Стар Град“ на Кале. Албумот е сниман со прекини во период од пет години во разни скопски студија.

После една деценија, повторно ќе ги видиме: Ивица Јорданов (гитара), Влатко Илиевски (вокал), Сашо Ангелов (тапани) и Славчо Стојановски (бас).

„Морал“ најавуваат дека на нивниот нов албум (кој го задржува познатиот „Морал“ рок звук, а сепак секоја песна е различна) гостуваат: Марко Маринковиќ Слаткар, Тамара Тодевска и Игор Џамбазов.

Strugaonline

error: