Утре (20-ти октомври) на репертоарот на Народниот театар од Охрид љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја погледнат претставата „Писма од Земјата”, работена според раскази на Марк Твен, со Никола Тодороски.
Адаптацијата и режијата е на Никола Тодороски, костимот на Ромина Стефанова Рашиди, а музиката на Аманда Џејн.
Претставата е камерна и заради малиот број на публика, само 35 места, билетите можат да се добијат само со резервација на телефонскиот број 075 283 – 066, во периодот од 11:00 до 15:00 часот. Цената на влезниот билет е 200 ден. Почетокот на претставата е закажан за во 20:00 часот
Facebook Коментари