Еднодневна екскурзија на струшките пензионери за прекрасни спомени

- Локални
1242

Во рамките на програмата за работа во 2017 година ЗП-Струга,членови на ИО,претседателите на комисиите и активисти на Црвен Крст-Струга, предводени од претседателот на ЗП Милорад Трпоски, потпретседателот Аслани Зија и секретарот Изеир Мустафаи,по повод Денот на старите лица -1 Октомври ,организираа едноидневна екскурзија за посета на Шарената џамија и Арабати теќе во Тетово, Вруток, Маврови Анови, Св.Јован Бигорски, Женскиот манастир Св.Георги Победоносец,духовно светилиште во село Рајчица – Дебарско, бањата Косоврасти,каде беа посетени струшките пензионери кои беа на седум дневна бањско-климатска рекреација,каде што убавите спомени беа овековечени со заеднички фотографии кои трајно ќе сведочат за прекрасното организирано дружење истакана претседателот на активот на жени Елисавета Лазаресака.

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

 

Facebook Коментари