ЖРК Вардар со убедлива победа над Ларвик на гостински терен

- Спорт
990

Европскиот вицепрвак Вардар покажува дека и во новата сезона ќе биде сериозен ривал за освојување на титулата. Во меч од 3. коло на групната фаза од лигата на шампионите ракометарките на ЖРК Вардар триумфираа кај Ларвик со 31-19. Ова е трет триумф за „црвено-црните” втор на гостински терен во новата сезона.

Во 22 минута од натпреварот екипата на Вардар ја покажа посакуваната игра.

Откако последен пат беше 9-9 следуваше серијата на Вардарки  од 7-0 со која на полувреме направија  предност од 16-9 . Во тој период Сара Ристовска имаше четири голови одлично заменувајќи ја Јованка Радичевиќ.

На самиот почеток домашните ракометарки водеа со 5-2, а на тоа Вардар одговори со серија од 5-0 за наше водство од 7-5. Во следниот период Ларвик повторно се врати во игра,а Вардар имаше неколку нереализирани напади. И така беше сѐ до таа 22. минута, кога тргна нашиот воз. Покрај добрите контри, одбраната изгледаше доста добро, а Ина Суслина придонесе со двоцифрен број на одбрани во триумфот на „црвено-црните”.

Високата предност од првото полувреме потоа им донесе на ракометарките можност да играат посмирено, и да се обиде да стигне и до двоцифрена предност. Тоа дојде во 51 минута кога првпат имавме водство 26-16. Потоа имавме и „плус 13″, и во игра влегоа сите што беа на клупата, и Вардарки ги оосвоија двата бода.

Во следното коло Вардар е домаќин на Ларвик

Извор:zrkvardar.mk

 

Facebook Коментари