Ноќта помеѓу 28-ми и 29-ти октомври започнува зимското сметање на времето

- Македонија
673

Наредниот викенд, односно ноќта помеѓу 28-м и 29-ти октомври во 3 часот наутро ќе започне зимското сметање на времето.  Стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2018 година.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата.

Facebook Коментари