Ракометарките на Вардар и теоретски го обезбедија своето место помеѓу 12те најдобри во Европа. Во ракмките на четвртото коло од групата Ц Вардар на домашен терен ја победи екипата на Ларвик со резултат 30-27. Победата над Ларвик не беше лесна, посебно што Вардарки во дуелот влегоа како фаворити , а имаа грешки во текот на натпреварот, но на крај покажаа зошто биле фаворити. Посебно проблеми имаа во првиот дел од натпреварот, но затоа, голманката Амандин Лејно блесна во нашите редови која до крајот на натпреварот успеа да оствари 20 одбрани. Во првиот дел единствена предност која успеавме да ја постигнеме е два гола разлика, а ракометарките на Ларвик имаа и серија од 4:0.
Вториот дел од натпреварот беше во знакот на Вардарки кои ја презедоа контролата но и водството. Но, норвешки Ларвик не се предаваше, па успеа да ја запре серијата на Вардар од +4. Натпреварот заврши со резултат 30:27.
До крај на групната фаза остануваат уште натпреварите со ФТЦ Будимпешта на гости и со Турингер на домашен терен. Потоа ќе следи вкрстување со трите екипи од Д групата каде Вардар ќе игра уште шест нови натпревари, а ќе ги пренесе освоените бодови од нашата група со оние ривали што ќе продолжат во Главната рунда.
Извор и фото: zrkvardar.mk
Facebook Коментари