Наумче Мојсоски бара од РФМ играчите до 18 години да остануваат во своите градови

- Спорт
1096

На состанокот на тренерите , Наумче Мојсовски и Милева Велкова посветија внимание на прашањето  како да се придонесе за кревањето на квалитетот на младите ракометари, а со тоа и на добивање на што е можно подобри репрезентативци.

Мојсовски бара помош од Федерацијата за заштита на младите играчи коишто многу рано бегаат од своите градови за да дојдат во Скопје и да станат дел од Металург и од Вардар.

„На 10-12 години родителите сакаат да ги носат децата во Скопје. Металург и Вардар имаат школи секаде. Се губи убавината и веќе нема контрола. Мојата генерација беше поттикната да се занимава со спорт бидејќи некој наставник не однесе и не насочи кон спорт. Најголемиот проблем е форсирањето малите да доаѓаат во Скопје. Јас кога заминав од Струга имав 19-20 години. Кога си замина Темелков од Велес имаше 19 години. Жално е што сега кога ќе се појави некое добро дете на 14 години веднаш го земаат во Скопје. Ние имаме малку таленти, па мора да се направи нешто да се засилат школите во другите градови. Со поддршка од Федерација и Агенција да се направи играчите до 18 години да остануваат во своите градови. Јас не велам да не доаѓаат во Вардар и во Металург туку велам барем до 18 години да останат во своите градови, а така и клубовите во другите градови ќе бидат силни“, рече Мојсовски, а пренесе 24rakomet.

Милева Велкова, пак, смета дека напредокот на младите ракометари лежи во играњето на што е можно поголем број на натпревари.

Извор: 24rakomet.mk

Фото: архива

 

Facebook Коментари