Струшките ракометари ја победија Преспа со одбрана на пенал во последните секунди

- Локални, Спорт
998

Ракометарите на Струга блескаат со одлична игра на почетокот на сезоната во Првата лига, тие ја остварија шестата победа од седум одиграни натпревари.

Избраниците на Наум Танески славеа со еден гол разлика во  дерби натпреварот против Преспа со 26:25 и останаа  на втората позиција веднаш позади Бутел Скопје кој се смета за голем фаворит.

На стартот на дуелот нашите ракометари го диктираа темпо и поведоа со 3:0. Иако имаше повеќе технички грешки на двете страни, сепак домашните одржуваа водство од 2 до 3 голови се додека Преспа не се врати на 8:8. Нова серија на Струга од 3 голови за 11:8, а на пауза се замина со 11:9.

Во вториот дел имавме и  и плус 4, 15:11, 16:12, најмногу по заслуга на голманот Мечкароски, но и Преспа беше се подобра и подобра во играта во одбрана и по 20:17, стигна до 20:20. Потоа Струга повторно поведе со 23:21, и 24:22, пред да почне возбудливиот дел од натпреварот.

Преспа стигна до 24:24, беше и 25:25, а Струга во последната минута поведе со 26:25. Гостите добија пенал на 8 секунди до крајот, а голманот Кристијан Затаракоски беше херој и го спречи ударот од седум метри за голема радост и победа со 26:25.

Најдобри стрелци беа Александар Стојанов со 7 и Томе Нацев со 5 голови, додека кај Преспа се истакнаа Кире Башевски и Никола Даскаловски со по 5 голови.

Извор: 24rakomet

Strugaonline

Facebook Коментари