Струга одбележува 73 години од ослободувањето

- Локални
1986

На денешен ден во далечната  1944 година Струга е ослободена од фашистичкиот окупатор.  Ноќта помеѓу 6 и 7 Ноември Народната ослободителна војска ги завзела своите позиции и околу 4 и 45 минути ги нападнала Германските единци. Тој напад германските едниници не можеле да го издржат и почнале да се повлекуваат од Охрид преку Струга за да заминат за Албанија.

фото: Владислав Жупан

Веста за ослободување на Струга одекнала во раните утрински часови на 8-ми Ноември 1944. Борбите за ослободување на Струга се опишуваат како тешки и крвави, но желбата за слобода била многу голема, а храброста на борците за поклонување и достојна за секаква почит. Многу животи згаснале токму за Струга да стане слободен град.

Историските случувања треба да ни бидат дополнителен мотив за да ја чуваме нашата Струга убава, чиста и да ги вреднуваме сите благодети кои ни ги дала природата.

Strugaonline

Facebook Коментари