Од утринава е започнат штрајк на грчките цариници и тоа на граничниот премин „Меџитлија” (граничен премин „Ники”) кој ќе трае до утре до 05:00 часот.
За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, додека сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин. На граничниот премин „Богородица“ (граничен премин „Евзони“) штрајкот започнал во 05:00 часот и ќе трае до вечерва до 23:00 часот, информираат од МВР.
Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе биле пропуштани. Исто така и на граничниот премин „Стар Дојран“ (граничен премин „Дојрани“) штрајкот ќе трае до вечерва до 23:00 часот. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правци.
Освен патничкиот и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 09:00 часот утринава.
извор: МВР фото: архива
Facebook Коментари