Стружанец ќе одговара за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

- Хроника
1128

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.И. (34) од Струга.

При преглед врз него, извршен на осми февруари оваа година во Струга, полициските службеници пронајдоа две мали најлонски паковки со кафеава прашкаста материја и една кутија ампули „Diazepam“.

Предметите се одземени за понатамошна постапка а по извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, утврдено е дека прашкастата материја преставува опојна дрога хероин со нето маса од 0,84 грама.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

Facebook Коментари