Струга го одбележува светскиот ден на дијабетичари

- Локални
787

Во Струга со низа активности се одбележува светскиот ден на дијабетичари. По тој повод,  во просториите на Црвен крст – Струга предавање ќе одржи Д-р Мира Костојчиноска. Предавањето ќе се одвива во периодот од 11:00 до 12:00 часот.  Веднаш потоа, на плоштадот кај хотел Београд во соработка со Црвен Крст ќе се врши бесплатно мерење на шеќер во крвта. Од Црвен крст Струга ги повикуваат граѓаните на масовно присуство на предавањето, за поголема едукација на населението кога станува збор за дијабетесот, како и да ја искористат можноста за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

Strugaonline

Facebook Коментари