Владата на РМ на својата интернет страница објави нови, десетици документи и информации

- Македонија
1033

 Владата на Република Македонија на својата интернет страница објави нови, десетици документи и информации, кои се однесуваат на работата и активностите на Генералниот Секретаријат, канцеларијата на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, заменик Претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, како и за неколкуте министри без ресор во рамките на Владата на Република Македонија.

На интернет страната на Владата, за прв пат, се достапни буџетите од минатата и од оваа година, ревизорски извештаи, планови за набавки, листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси, правилници за систематизација на работните места, правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на институциите, листа на информации од јавен карактер, органограм за внатрешната организација, како и календар на настани.

Посочените документи се достапни во категоријата „Информации од јавен карактер“, на официјалната страница на Владата на РМ – www.vlada.mk, и на веб страните на одделните министерства.

За потсетување, на својата 34-та седница Владата ги задолжи сите министерства на своите интернет страници да ги објават ваквите и слични документи и голем дел од нив веќе се јавно достапни.

Новите документи можете да ги најдете на следниов линк .  Од Владата најавуваат дека  бројот на документи кои ќе бидат достапни за сите, постојано ќе расте.

Извор: Влада на РМ

Strugaonline

 

Facebook Коментари