Јавен повик за учество на фокус група во Струга

- Локални
1057

 Здружението за локална демократија Центар на заедницата на општина Струмица , од јуни2017 г. го спроведува проектот ,,Мониторинг на работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер“, како дел од проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации” кој е финансиски поддржан од Европската Унија, а го спроведуваат „Фондација Отворено општество – Македонија“ и „Евротинк – Центарот за европски стратегии“.

Целта на проектот е oтворање дебата во јавноста за работата, улогата и влијанието на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

За потребите за успешно имплементирање на проектните активности и постигнување на посакуваните резултати, Центарот на заедницата на општина Струмица организира фокус групи со претставници на граѓански организации и на  медиуми во четири општини вклучувајќи ја и Струга.

Фокус групата во Струга ќе се одржи на  29 ноември(среда) –  во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струга, ул. „Владо Малевски“ од 12-13часот.

Заинтересираните,  своето присуство треба да го потврдат на  на следната е-маил адреса:[email protected], најдоцна до 28 ноември 2017 г.

Резултатите кои ќе се постигнат со овој проект ќе помогнат во понатамошната соработка со институциите (како државни така и локални), како и во соработката со граѓанскиот сектор. Мониторингот на Комисијата за прстап до информации од јавен карактер и препораките кои ќе бидат дадени ќе влијаат како на Комисијата и нејзиното ефикасно и ефективно работење, така и на институциите, имателите на информации за нивно транспарентно работење од една страна и поттикнување на граѓаните и граѓанските организации за искористување на правото за пристап до информации од јавен карактер, од друга страна.

Strugaonline

 

Facebook Коментари