Време: Облачно и студено, во источните делови врнежи од снег

- Македонија
974

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во источните делови од земјава ќе има услови за повремен слаб снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5 степени. Во среда утрото ќе биде многу студено со температури од -10 до -3 степени, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност и дневна температура од 3 до 8 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари