Премиерот Заев на средба со менаџментот на компанијата “China Energy”: Најавено учество во повеќе проекти, созреани се условите за инвестиции во енергетиката и транспортот

- Македонија
746

 Премиерот Зоран Заев, заедно со владиниот економски тим, денеска во Будимпешта, оствари средба со потпретседателот на Бордот на директори на компанијата China Energy, Динг Јанжанг и други претставници на менаџментот на компанијата.

Од компанијата која има отворено свое претставништво во Скопје истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата ги следи активностите на новата влада и најави учество на 5 проекти  во претстојниот период. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките кои следуваат во претстојниот период посебно за проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката.

На средбата се разговараше и за новите владини економски политики за економски раст и привлекување на нови инвестиции за кои претставниците на кинеската компанија покажаа сериозен интерес. На самиот крај од состанокот беше констатирано дека постојат добри основи за плодна соработка во иднина.

Извор: Влада на РМ

Strugaonline

Facebook Коментари