РК Струга загуби од екипата на Вардар Неготино

- Спорт
1094

РК Струга беше поразена на гостински терен од страна на Вардар Неготино во  10-то коло од Првата лига со резултат 26:24. Домашните поведоа со 5:2, а РК Струга брзо успеа да стигне до две израмнувања од 8:8  и 9:9.  Тогаш беше направена клучната серија од 4 голови за 13:9, а на пауза се замина со 15:12, водство за избраниците на Драган Сукара.

Имаше Вардар Неготино и плус 5, 22:17, но со серијата одбрани на Мечкароски, Струга полека се врати во игра и намали на 23:22. Сепак гостите имаа брзоплетите напади во финишот и неготинци се одлепија на 26:23. До крајот Струга само успеа да намали на 26:24.. Најдобар поединец во домашните редови каде недостигаше повредениот Кузманов, беше искусниот Ристе Трајковски со 9 голови, а Димитар Коцев даде 8. Кај Струга се истакна Александар Стојанов со 9 голови, додека повратникот од Вардар 2, Христијан Ѓоршоски даде 6.

Извор:24rakomet

Strugaonline

Facebook Коментари