Временска прогноза: Претежно облачно време, во вечерните и ноќните часови со врнежи од дожд

- Македонија
728

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно, а по котлините ќе има појава на магла. Во вечерните и ноќните часови, во западните и северните делови од земјава ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени. Во четврток и петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со температури кои се над просекот за овој период од годината. Така, во четврток ќе имаме максимални 16, а во петок максимални 15 степени низ Македонија.

Извор:УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари