(ВИДЕО) Светската фудбалска sвезда Пол Погба преку видео му се обрати на Јане
Светската фудбалска sвезда Пол Погба и официјално го покани Јане Велковски заедно со неговoто семејство да да присуствува на мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Севиља кој ќе се одигра во рамките од осминафиналето во Лигата на Шампиони.

9-годишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија е дел од проектот на УЕФА „Еднаква игра“ на која заштитно лице е токму францускиот репрезентативец. Во видеото подолу можете да видите како Јане му се заблагодарува на Погба за подарениот дрес, а истовремено му вели дека кога ќе порасна сака да биде фудбалер како него. Пол Погба во видеото официјално го поканува Јане на натпреварот и се заблагодарува за позитивната енергија. Ова видео е вистинска мотивација и доказ дека соништата се остваруваат.
https://www.facebook.com/PaulPogba/videos/1384475281680202/

