Повеќе од 20 000 денари беа собрани на хуманитарниот „Рок мобилизација“ перформанс во Охрид

- Локални
848

Црвен крст Охрид  преку  својата Facebook страница  изрази  голема благодарност до сите учесници-музичари и посетители на првиот балкански музички перформанс ROCK’N’MOB (Рок мобилизација), со хуманитарен карактер, што се одржа на Градскиот плоштад во Охрид на 9ти декември 2017 година во чест на Св. Климент Охридски -патронот на градот.
„Средствата кои, благодарение на сите Вас, се собраа во собирните каси на Црвен крст Охрид во износ од 21 215 денари ќе придонесат за многу радосни моменти на децата од ранливите категории во Охрид.“ – велат од таму.

Извор и фото: Црвен крст Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари