Лев банер Десен банер

Во недела ќе се одбележат 750 години од сликањето на иконата св. Ѓорѓи во Струга

Со свечена архиерејска богослужба во црквата Св. Ѓорѓи во Струга во недела (24-ти декември) ќе бидат одбележани 750 години од настанувањето-сликањето на иконата на св. Ѓорѓи (1267-2017 г.), патронот и заштитник на црквата и на градот Струга.

Свети Ѓорѓи е македонска православна црква, сместена во центарот на Струга, која претставува најстар христијански верски објект во градот и кој датира од средината на 13 век. Според преданијата, претставува едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа. Староста на црквата досега била одредена по иконата на свети Ѓорѓи, која датира од 1267 година, но во 2015 гидина бил откриен и фрагмент на фреска од свети Ѓорѓи, кој датира од истиот период, односно средината на 13 век. Црквата постоела од 13 век и низ вековите егзистирала, повеќе пати била обновувана се до 19 век, кога е последната голема обнова од кога датира денешниот изглед. Има голем дел на поствизантиски икони, односно период на османлиската управа од 16 и 17 век. Тогаш имало скрипторски центар, каде се препишувале стари книги во кои има потпишани имиња на познати скриптографи, кои работеле во црквата. Доминираат икони од доцниот среден век и од времето на преродбата, како и од последната обнова во 1835 година. Од оваа црква традиционално започнува голема Ѓурѓовденска литија на која верниците се поклонуваат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.

error: