Прогласени најдобрите менаџери на годината од страна на Асоцијација на менаџери на Македонија

- Македонија
890

Скопје (22.12.2017) Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ) ја додели наградата за најдобра менаџерка на годината на Анита Спасовска, од компанијата Бучен Козјак и наградата за најдобар менаџер на годината на, Игор Крпачовски, од компанијата АрцелорМиттал.

Свеченоста се одржа во Скопје Мериот Хотел каде присуствуваа околу 150 претставници од бизнис, политичката, културната и медиумската заедница на Македонија, како и видни гости од асоцијациите на менаџери од регионот.

„Неопходно е и понатаму да се бориме и коренито да ги менуваме работите во полза на заедницата. Да бидеме сила која што се фундира на врвна експертиза и професионализам. Да чекориме по пат на кој запирање нема да има. Затоа што ние ја гледаме Македонија како земја на професионални менаџери, но не само во реалниот сектор, туку и во јавните претпријатија и во сите државни институции“, истакна претседателката на Асоцијацијата на менаџери на Македонија, Маја Ристова. Таа додаде дека главните цели на Асоцијацијата на менаџери на Македонија е да промовираат квалитет во менаџирањето и дека само на тој начин ќе дојде до целокупен развој, не само во економијата, туку и во целото општество.

Покрај тоа што беа прогласени најдобриот менаџер и менаџерка за 2017 во Македонија на настанот свечено беа доделени благодарници на Хајан Селмани од Хаселт, Коста Петров, Борче Треновски, и признанија на Хелена Мојсиќ, Таки Ѓорѓиев, Маријана Андриќ, Горан Кипријановски, Билјана Санев.

Асоцијацијата на менаџери на Македонија е независна деловна организација, основана во декември 2015 година, чија цел е деловно вмрежување, едуцирање, промовирање и застапување на интересите на членовите-менаџери. Целта на асоцијацијата е да стави посебен акцент за создавање обединета, координирана и организирана деловна мрежа на менаџерски организации од земјите во регионот, преку промоција и развој на лидерски и менаџерски вештини и знаења, како и на континуирано вложување во човечки ресурси кои претставуваат основна претпоставка за натамошен општествен и економски препород на регионот.

Извор: Асоција на менаџери на Македонија

Strugaonline

Facebook Коментари