Лев банер Десен банер

Децата од „Порака Нова“ во Струга, на тренинг со ракометарите од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“

За крај на оваа година гости на  децата од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ на капитенот во Струга беа децата кој ретко кога имаат можност да присуствуваат и активно да земат учество на некој тренинг. Обединети под името ” Порака нова” дечињата со интелектуална попреченост се забавуваа преку играта со ракометните топки .

Видно возбудени и среќни што се на тренинг со нивните другарчиња кои активно тренираат ракомет . На гостите им беа доделени симболични подароци а најголема радост им причини новогодишната честитка напишана од Кирил Лазаров.

Извор и фото: КЛ7

Strugaonline

error: