Средба Заев – Мицковски: Постои согласност дека е потребно учество на опозицијата во реформите, а патот на Македонија е во ЕУ и НАТО

- Македонија
619

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вчера попладне во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници.

Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси.

Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата.

Извор: Влада на РМ

Strugaonline

 

Facebook Коментари