Бијонсе е на врвот на листата на „Форбс“ за најплатени пејачки во 2017-та

- Забава
1010

Поп-пејачката Бијонсе се најде на врвот на листата најплатени жени во музичката индустрија за 2017-та година што ја составува магазинот „Форбс“. Бијонсе првото место го освои благодарение на последниот албум Lemonade и нејзината светска турнеја Formation.

Бијонсе ја замени минатогодишната шампионка Тејлор Сфивт заработувајќи 105 милиони долари оваа година, а Сфивт падна на третата позиција со заработени 44 милиони

Второто место ѝ припадна на британската ѕвезда Адел, со заработка од 69 милиони оваа година, најмногу благодарение на светската турнеја, прва од 2011 година.

Поп дивата Селин Дион заработила 42 милиона долари и го освои четвртото место, а по неа следува пејачката Џенифер Лопез, чија заработка се проценува на 38 милиони долари, потоа следуваат Доли Парон со 37 и Ријана со 36 милиони долари.

 

Facebook Коментари