Во пресрет на јубилејното, 25 издание на „Охрид фест“, што ќе се одржи во септември оваа година, Советот на фестивалот за прв пат распишува конкурс за текстови од неафимирани текстописци, поети поетеси и автори.

Текстовите треба да се испраќаат до крајот на мај на меил-адресата [email protected] со име и презиме, контакт на авторот и назнака дали е за забавна или за фолк песна
Текстовите треба да бидат напишани на чист литературен македонски јазик, за поп вечерта, а за фолк вечерта дозволено е и умесно вметнување на архаични зборови и зборови и фрази од македонските дијалекти.
„Стручна жири комисија ќе избере шест најдобри текстови, три за фолк и три за забавниот дел, а како награда ќе добијат музичко обликување од врвни музички автори и изведба од некои од најпознатите пејачи.
Исто така, до самото одржување, годинава на официјалната страница на фестивалот ohridskitrubaduri.mk победници, настапувачи, автори, организатори ќе се потсетат на своите најубави охридфестовски моменти, сеќавања и спомени, низ рубриката „Охридфест низ интервјуа“.
Честа, прва да ја отвори оваа рубрика ја има големата балканска поп ѕвезда , победничка на „Охрид фест 2016“. Во интервјуто таа зборува за овој фестивал, но и многу повеќе за својата антологиска македонска музичка приказна.“ – информираат организаторите.
Strugaonline
Facebook Коментари