„ЈП Комунално“-Струга спроведе акција за уредување на „Градски Пазар“
ЈП „Комунално“ Струга ја информира јавноста дека текот на изминатите четири дена, во периодот од 20-24 Јануари 2018, екипите на „ЈП Комунално“-Струга спроведоа акција за уредување на „Градски Пазар“-Струга.

Во рамките на акцијата е направен нов распоред на тезгите, миење со дезинфекција и дератизација, поставување ново осветлување со штедливи светилки, санирање на сливниците на дождовната вода од вториот кат и партерно обележување на продажните места.


Strugaonline
Фото: ЈП „Комунално“ Струга

