ПОЕЗИЈА НА ШИПИНКАРОВСКИ И КАЦАРОВ ОБЈАВЕНА ВО СПИСАНИЕТО „КУЛТУРА“,  БРАТИСЛАВА -СЛОВАЧКА  

- Локални
863

 

Во најновиот број на списанието „Култура“, објавено 24 јануари 2018 г., што излегува повеќе од дваесет години во Братислава – Словачка, со избор на песни од своето творештво на словачки јазик претставени се македонските пиоети Петко Шипинкаровски и Трајче Кацаров.

Списанието  „Култура“ е дво-месечник што објавува прилози од областа на етиката, христијанството, народниот идентитет, традиционалните вредности на уметноста и културата воопшто во пошироки размери, а  го уредува словачкиот поет, критичар и публицист Теодор Кришка.

Преводот на стиховите од поезијата на  македонските поети Шипинкаровски и Кацаров од македонски на словачки јазик го направи Патриција Желизникова.

Издавач на списанието е реномираната „Фактум Бонум“ од Братислава – Словачка.

Петко Шипинкаровски поет, писател, драмски автор, есеист и литературен критичар и сатиричар. Основач и претседател е на културниот центар Бран и главен и одговорен уредник на ревијата за книжевност Бранувања од Струга. Негови трудови објавени се на повеќе јазици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, На македонското научно друштво од Битола, надворешен член на Независните писатели на Бугарија. Добитник е на повеќе награди и признанија од Македонија и од Странство.

Трајче Казаров е поет, писател, драмски автор, литературен критичар, публицист, колумнист и есеист, автор е на бројни книги од областа на поезијата, прозата, драмското творештво, есеистиката и главен и одговорен уредник на списанието СУМ од Штип. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Преведен е на повеќе светски јазици, а добитник е на бројни престижи награди во Македонија и странство.

Strugaonline

Facebook Коментари