Земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер почувствуван во Охрид

- Локални
952

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес ( 26.1.2018 )година во 11 часот и 12 минути регистрирaше земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот бил со јачина од 2.4 степени по Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил на само 6 километри источно од Охрид во околината на селото Рамне.

 

Facebook Коментари