Вардарки денеска играат против екипата на Мец

- Спорт
1007

Денеска со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, ЖРК Вардар продолжува со натпреварите од Лигата на шампионите.

На распоредот е меч од главната фаза против екипата на Мец, која изминатите години се покажа како солиден противник и голем предизвик за вардарки.Лани од францускиот првак беше претрпен убедлив пораз, што треба да е мотив плус за македонскиот првак да докаже дека сепак е поквалитетен од Мец. Според тренерот Ирина Дибирова, вардарки ги чека тежок натпревар.

Вардар е единствена екипа во Лигата на шампионите што во првата фаза победи на сите натпревари. Во главната фаза, покрај Мец, ги очекуваат Будуќност и германскиот Битигхајм. Денешниот меч ќе го судат Грците Цаферопулос и Бетман, додека делегат е Рајзингер од Австрија.

извор: 24ракомет

фото: архива

Facebook Коментари