Oва е програмата за манифестацијата „Прличеви беседи 2018“

- Локални
783

Објавена е  програмата за традиционалната манифестација  „Прличеви беседи.“ Настаните ќе се одржуваат во понеделник, 5-ти февруари во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Од 12:45 часот во изложбениот салон ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од македонски ликовни уметници.

Во рамки на свеченоста посветена на лауреатот, добитникот на наградата за најдобра поема за 2017 година, доц.д-р Гордана Стојаноска.

Свои настапи ќе имаат ученици од од ОМУ „Методи Патче“ – Стефан Петрески – гитара, Христијана Матеска – хармоника.

Свои обраќања ќе имаат директорот на Центарот за култура, Стрезо Стаматоски, како и претставник на општина Охрид.

Артистичка изведба на наградената поема „Клучевите” ќе имаат актерите Адријана Тодороска и Павел Маслов, по што на Стојаноска ќе и биде врачена Повелбата за најдобра поема.

Извор: OхридПрес

 

Facebook Коментари