34-годишен Стржанец заработи кривична пријава – со нож нападнал две лица

- Хроника
814

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка телесна повреда “ и „телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(34) од Струга.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти декември минатата година во Струга откако настанала вербална расправија помеѓу него и лицата Д.Џ. (24) и Д.С. (18), двајцата од Струга.  Во еден момент од жестоката караница, пријавениот физички ги нападнал употребувајќи нож со кој на Д.Џ. го прободел во левиот дел од стомачната празнина а на Д.С.  му нанесол расекотини на двете раце.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

     

 

Facebook Коментари