Полициската станица во Струга ќе добие донација од 16 возила

- Локални
1068

Германското сојузно министерство за внатрешни работи ќе донира 16 возила наменети за Одделот за гранични работи и миграција при МВР.

Донацијата утре напладне во Струга, од заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во нашата земја Марко Акватичи, ќе ја прими министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари