Во Струга и Охрид бесплатно предавање на тема „Договори за издршка, подарок, тестамент“

- Локални
898

Утре со почеток од  11:30ч во Охрид (ресторан Белведере)  кај киното, и во 14:00ч во Струга (ресторан Станица Оаза) ќе се одржи бесплатно предавање на тема „Договори за издршка, подарок, тестамент“, наменето за повозрасни граѓани и пензионери.

Предавач ќе биде адвокат Оливера Доцевска, од Скопје, која ќе говори за аспектите на заштита на имотот и личноста при располагање со имотот со – тестамент, договор за подарок и договор за доживотна издршка.

„Местата се ограничени, доколку сакате да учествувате на предавањето ве молиме јавете се за да ви обезбедиме место на 077 855 155 (за Охрид) и 077 817 432 (За Струга)„-  велат организаторите

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој од Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.

Во текот на март и април ќе бидат организирани викенд работилници за здраво готвење и јога часови за витално стареење.

Strugaonline

Facebook Коментари