Пионерките на ЖРК Стружанка славеа против Лихнид 2013

- Локални, Спорт
1206

Пионерките  на ЖРК Стружанка во рамките од првиот натпревар од оваа полусезона на гостувањето во Охрид забележаа победа над домаќинот Лихнид 2013 со резултат од 11:12 (6:7).

ЖРК Стружанка во малку неизвесен натпревар но со постојано водство против домаќините успеаа да забележат победа која и тоа како им беше потреба за враќање на победничките патеки уште во самиот старт од вториот дел од оваа сезона, со оваа победа ЖРК Стружанка се реваншираше на домаќинот од Охрид каде есента забележа пораз на домашен терен во Струга.

Наредниот викенд пионерките на ЖРК Стружанка се слободни и ќе собираат сили за наредниот натпревар каде што гостуваат на екипата од Битола, Пелистер.

На денешниот натпревар стрелци за ЖРК Стружанка беа:

  1. Миладиноска Маријана 6 погодоци;
  2. Голабоска Марија 3 погодоци;
  3. Затуроска Бојана 1 погодок;
  4. Ѓоршулеска Роберта 1 погодок;
  5. Петреска Марија 1 погодок.
Извор и фото: zrkstruzanka.mk
Strugaonline

Facebook Коментари