МТСП: Апел за пријавување на бездомни лица

- Локални, Македонија
776

Со оглед на неповолната временска состојба и минусните температури, Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.

Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување  на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.

Извор: МТСП

Strugaonline

 

Facebook Коментари