Познатата спрска атлетичарка Ивана Шпановиќ со скокот од 6,96 метри го освои златниот медал на Светското првенство во Бирмингем.
Таа со скокот од 6,96 метри беше подобра од Американката Бритни Рис која скокна 6,89 метри, додека олимписката вицешампиока Состен Могуенари Тарум го освои третото место.
Ивана Шпановиќ на Светските првенства во сала досега има постигнато голем успех, во 2016 година година освои сребро, а во 2014 година освои бронзен медал .
Ивана Шпановиќ е познато име по многу спортски успеси, а во 2013 година,стана првата српска атлетичарка која освоила медал на светско првенство. Таа е сопственик на српските рекорди во дисциплините: скок во далечина (на отворено и во сала), 60 метри во сала и седмобој.
Фото: архива
Facebook Коментари