Ужасна слика од кампот „Треска“ – некогаш атракција, денеска рушевина

- Локални
1835

Распаднати камп-приколки, пајажина, ѓубре, искршени врати, прозорци….ова е сликата од некогаш атрактивниот камп „Треска“. Се чини, од времето кога оваа туристичка населба беше посебна гордост на струшкиот регион останале само спомени.  Гледајќи ги овие фотографии прашање е дали може некому да се раскаже дека пред повеќе од десет години „Треска“ претставуваше бренд, вистински репер за убав годишен одмор. Некогаш се бараше место повеќе во  хотелот, бунгаловите, и камп приколките, а денеска наместо убавина, чист воздух и природа постои само оваа ужасна слика.

Овие фотографии кои сведочат за ужасната состојба се направени и објавени од загрижен граѓанин ,исттите предизвикаа лавина коментари и чувства на носталгија, тага и револт кај многумина стружани кои знаат што порано значел кампот “Треска“, место од каде имаат убави спомени од младоста .

Извор: Strugaonline

Фото: Наум Кутаноски

 

Facebook Коментари