Лев банер Десен банер

Почетен состанок на Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан во Охрид

Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан денес во хотелот „Метропол“ во Охрид ќе одржи почетен состанок на кој поздравно обраќање ќе има министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Според информациите од МОН, на настанот ќе учествуваат околу 300 учесници во високото образование, студенти и алумни, претставници од министерства од регионот на Западен Балкан, ректори на универзитети, унии на студенти, како и официјални претставници на ЕУ и претставници на бизнис-заедницата.

– Целта на настанот е да се воспостави моќна унија на студенти од регионот на Западен Балкан со цел за да се поддржи модернизацијата и да се подобри квалитетот на високото образование во регионот, но и да им се помогне на младите луѓе во нивниот академски и кариерен развој кон нивно успешно вработување, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

 

error: