ФОТО КОНКУРС НА ТЕМА „МОЈА СОБА-МОЈ СВЕТ“ ВО СТРУГА

- Локални
909

Здружението „АКВА“ и „ИНКА“ распишуваат фото конкурс на тема: „Моја соба – мој свет“.  Ова е одлична можност за сите млади и талентирани фотографи преку фотографија од својата соба направена со помош на телефон или таблет да креираат визуелна приказна.

„Целта на овој конкурс е спроведување на фото-документ на денешниот живот на младите. Преку стопирање на моментот од својот ентериер (соба или детал) да го прикаже личниот идентитет. Да фрли светлина врз колективните трендови кои доминираат во младинската супкултура. “ – информираат организаторите

Сите кои сакаат да учествуваат треба да испратат најмногу три фотографии  на меил-адресата: [email protected] најдоцна до 28-ми март.

За најдобрите следуваат вредни награди.

Strugaonline

Facebook Коментари