Ситуацијата на струшкото крајбрежје беше доста сложена. Поплавен е поголем дел од машка плажа, дел од паркот, импровизираното пристаниште и шеталиштето крај устието.
Се поплавија просториите на ЕК „Снегар“ но со навремената акција на едриличарите и Пожарната единица од Струга, состојбата се врати под контрола.
Со голема пожртвуваност на струшките едриличари и загрижени граѓани, беа спасени 2 чамци, една едрилица и еден глисер. За жал, еден чамец е целосно потопен и срушен во браната.
StrugaOnline
Извор и фото: ЕК „Снегар“
Facebook Коментари