Максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим

- Локални
1513
По одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесени се заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција. Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим. За состојбата известени се угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.
Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во с.Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица.

Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на ЦУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности.

StrugaOnline

Извор: ЦУК, фото: Архива

Facebook Коментари