Хуманитарна забава во Охрид – да му помогнеме на младиот Петар

- Локални
938

На иницијатива на младите волонтери, во склоп на програмата ЦКА- ПХВ, Црвен крст Охрид ги поканува сите хумани граѓани на  Хуманитарна КАРАОКЕ забава на 12.04.2018 (четврток) во бистро КОРНЕР со почеток во 20:30ч. Влез 100 денари + пијалок. Собраните средства ќе бидат наменети за операција на очи на 15- годишниот охриѓанец Петар.

„Веруваме дека со вашата хуманост ќе успееме да помогнеме, за тоа што е потребно. За тие што сакаат да пеат, да имаат претходно избрано матрица на YouTube и да се пријават преку порака на страната на Клуб на млади на Црвен крст Охрид и да потврдат на влез. https://www.facebook.com/KlubNaMladiOhrid/“ – информираат од Клубот на млади при Црвен крст – Охрид

Програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот Крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен Крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работат со младенците. Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот Крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество. Исто така во текот на овие обуки тие добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во која што живеат, а притоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.Во текот на циклусот 2017 година обуката ја поминаа 1247 младинци,и беа изработени 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории,вложувајќи 28 950 волонтерски часови.

Strugaonline

Facebook Коментари