Потврдена средбата Димитров-Коѕијас во Охрид

- Македонија
650

На 12 април (четврток) 2018 година  во Охрид, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

– Посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.-соопштија од Министерството за надворешни работи

Strugaonline

Фото: архива

 

Facebook Коментари